Ден на PANTHEON Сметководители

2020

Кога

30 Јануари 2020

почеток од 10 часот

Каде

Хотел Мериот

Скопје

ТЕМА НА ДЕНОТ

Новости и алатки за дигитализација и автоматизација на сметководството во PANTHEON

  • Веб решенија на PANTHEON и услуги за е-сервис.  Работете на било кој уред во или надвор од сметководствената канцеларија.
  • Бизнис процеси на PANTHEON и други алатки за дигитализација. Поедноставете ги и автоматизирајте ги задачите и процесите за сметководството.
  • Автоматска обработка на финансиски податоци и ефикасно финансиско известување и планирање. Како побрзо да се постигнат посакуваните резултати.
  • Брза анализа на сметководствените податоци во PANTHEON.
  • Други иновации во PANTHEON во модулите за Кадри, Плати и ДДВ.
  • Искуство на PANTHEON сметководителите. Нивните достигнувања, успеси и искуства во областа на дигитализацијата и автоматизирањето на сметководството.
  • Сметководство на PANTHEON. Визија и насока кон иднината.

Сметководствени трендови и големи предизвици за 2020 година

  • Кои промени ги носат дигиталните технологии во сметководството?
  • Какви се резултатите од покажаните студии и што е постигнато со глобалната и европската практика?
  • Кои се најдобрите практики кај македонските сметководители и каков одговор имаат за промените?
  • Која ќе биде улогата на сметководителот во иднина?
  • Како да се прилагодите и да се подготвите за промена?

Законодавни измени

  • Сите важни законодавни измени по 1 јануари 2020 година
  • Подготовки за завршни сметки
Ве покануваме на 30ти Јануари 2020

Придружете ни се на денот за сметководители

На 30ти јануари 2020 година, Ве покануваме на настан посветен за сметководители во Хотел Мериот, во Скопје.

Сакаме да ви обезбедиме важни информации во врска со новото законодавство, да ги претставиме најновите алатки за дигитализација и автоматизација во сметководството, да Ве подготвиме за крајот на финансиската година и пред сè, да ги потенцираме сметководствените трендови на иднината.

На крајот на настанот, сакаме да го знаете одговорот на едно клучните прашање: Кои се предизвиците во сметководството во 2020 и како да се подготвите за нив?

Извор на нови информации за сметководители од 2011 година

Денот на PANTHEON сметководители е традиционален настан за сите сметководители од 2011 година. Во 2020 година очекуваме над 500 посетители на овој настан, каде ќе се организира на пет локации од регионот во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија.

На настанот, раководителите и директорите на сметководствените услуги, сметководителите и книговодителите ќе се запознаат со најновите алатки и услуги за сметководители, ќе добијат совети за оптимизирање на работата, законодавството и ќе се запознаат со новостите во PANTHEON и сите важни информации за  завршување на годината и започнување на нова.

Денот на PANTHEON Сметководителите е настан, кој не смеете да го пропуштите.

Зошто да присуствувате на денот на сметководителите?

Во PANTHEON особено ни се допаѓа тоа што во реално време се добива тековна состојба, односно податоците се ажурни на дневно ниво. Во PANTHEON се е на едно место, со што правиме помало внесување на податоци, а податоците од клиентите ги превземаме по електронски пат и можеме да ги обработуваме од било каде и било кое време.

Јагода Малцева

КАЛКОНТ КОНСАЛТИНГ

Истражувањата покажуваат дека 86% од задачите што ги извршуваат сметководителите можат да бидат автоматизирани.

Превземено од Firm of the Future

Вештачката интелигенција (AI) и другите дигитални технологии ќе го олеснат сметководството. Тие ќе го намалат рачното внесување на податоците, ќе ја забрзаат работата и ќе испорачуваат точност и квалитет на податоците.

Превземено од Forbes

Сметководителите во иднина доколку сакаат да станат консултанти со специјализирано стратешко знаење мораат да прифатат и да се прилагодат на промените кои ги носи иднината за да бидат успешни, додека оние кои се спротивставуваат на промените, ризикуваат да заостанат.

Превземено од Accounting 3.0

Преостанато време

Day(s)

:

Hour(s)

:

Minute(s)

:

Second(s)

Во цената е вклучено:

  • присуство на целиот настан
  • агенда за програмата
  • кафе + вода/сок
  • ручек + пијалак

Организаторот го задржува правото да ја промени програмата, предавачите, структурата на програмата, цената и други потреби на настанот.

Пријава за Ден на PANTHEON Сметководители 2020

Потребни се сите полиња обележани со ѕвездичка. Без овие информации, учеството на настанот не е можно.

* Личните информации внесени во формуларот преку контакт формата се со цел за склучување договор и извршување на договор помеѓу Даталаб д.о.о.е.л (како контролори за лични податоци) и вие. Вие доброволно ни ги давате вашите лични информации. За жал, доколку не ги доставите вашите лични податоци до нас, за жал не можеме да ви обезбедиме апликација и учество на посакуваниот настан и да ве информираме за спроведувањето на настанот. За повеќе информации за тоа како внимателно ги заштитуваме вашите лични информации, прочитајте ја нашата Политика за приватност.

** Сакаме да ве известиме за безбедноста на задржувањето на вашите лични податоци и дека тие се обработуваат на правна основа. Вие потврдувате дека сте свесни и дека ја давата вашата согласност за присуство на настанот со пријавувањето на контакт формата. Можете да се одјавите преку нашиот меил на info@datalab.com.mk или преку телефон на 02 3079 231. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дури и ако не дадете согласност, компанијата има право да ги обработува вашите лични податоци што ги обработува врз основа на закон, извршување на договорна врска или легитимен интерес.

Локација на настанот

Хотел Мериот, Скопје

Мериот е хотел со 5 ѕвездички и е сместен во центарот на градот, веднаш до плоштадот Македонија на оддалеченост од 24 km од аеродромот Александар Велики Скопје.  Располага со 164 новоизградени соби со прекрасен поглед на центарот на Скопје. Хотелот е во близина на сите големи деловни и културни центри.

Мапа

Хотел Мериот

Плоштад Македонија, 1000 Скопје, Телефон: 02 510 25 10