Гости во панел дискусија

Ден на PANTHEON Сметководители 2020

ТРКАЛЕЗНА МАСА

Дигитализација, сметководствени трендови и големите предизцивици кои ни доаѓаат во сметководството

За време на панел дискусијата со нашите гости ќе разговараме за дигитализацијата и автоматизацијата во сметководството (какви промени ни носат дигиталните технологии во сметководството, што покажуваат резултатите од студиите за дигитализација и автоматизација на сметководството со PANTHEON) – денес и во иднина), за дигитализацијата на сметководствата со примери во сметководствата (кои се главните причини за дигитализација во сметководствените услуги, какви конкретни предности и подобрувања имаат постигнато сметководствените услуги по воведувањето на дигитализацијата, кои конкретни позитивни резултати ни ги донесе дигитализацијата денес во секојдневната работа на вработените, сметководствените трендови и главните предизвици за иднината.

Владо Митев

Директор на Даталаб МК

Гости во панел дискусија

Благоја Грозданов

Член на УО на КС при ССК

Благоја Грозданов, магистер по сметководство и ревизија, извршен директор на Конто Профит и член на УО на КС при ССК. Има повеќе од 10 години искуство во областа сметководствено-финансиското работење, даночното известување и деловниот консалтинг. 

»In Today’s era of volatility, there is no other way but to re-invent. the only sustainable advantage you can have over others is agility, that’s it. Because nothing else is sustainable, everything else you create, somebody else will replicate“.«

Ивана Дончевска

Раководител на Сектор за регистрација и утврдување на даноци, Управа за јавни приходи

Ивана Дончевска, Раководител на сектор во УЈП – Генерална дирекција. Непроценливото искуство од работниот ангажман во УЈП, го има надополнето со директна инволвираност во најзначајните Е-проекти „Цела плата“, „Претпополнета годишна даночна пријава“, „Мој ДДВ“ и „Спортски ваучери“.

»„Нашата држава која е во фаза на полудигитализација, амбициозно настојува да биде што поблиску до дигитална трансформација. Со овој начин на нудење на услугите кон граѓаните во приватниот, но и во јавниот сектор се означува нова ера на транспарентост, олеснет пристап, поголем квалитет и заштеда на ресусри“«

Бране Попоски

Член на Управен одбор на Комора на Сметководители на Македонија.

Бране Попоски дипломиран економист и магистер по правни науки со работно искуство во Бироком Кичево вработен во семејна компанија, втора генерација овластен сметководител произлезен од истата. Повеќе од 15 години работно искуство и Член на Управен одбор на Комора на сметководители на Македонија активен од самото основање на истата.

»Дигитализацијата на сметководството во Македонија ќе допринесе до поефикасни сметководствени компании и поквалитетни и професионални сметководители за кои времето и квалитетот се основните принципи,а воедно и заштита на животната средина со дигитализација на сметководствената документација која ја заменува традиционалната хатриена документација во сметководството.«

Снежана Тонева Кузманова

Сопственик на Сметководствено Биро СТК

Снежана Тонева Кузманова, дипломиран економист, овластен сметководител, даночен и деловен консултант. Сопственик и управител на компанијата Биро СТК ДООЕЛ Скопје, која пружа сметководствени и финансиски услуги „даночен и деловен консалтинг“.

»„Со воведувањето на дигитализацијата се забрзува обработката на податоците во сите сегменти на работењето на една компанија, на тој начин сметководителите можат повеќе да се посветат на анализирање како и да учествуваат при донесување на одлуки. Дигитализацијата не познава граници, таа е можност, од нас зависи како ќе ја искористиме“«

Оливера Јовановска

Финансиски Контролор на Групацијата ЦАМЛ

Финансиски Контролор на Групацијата ЦАМЛ, сопственик на рудникот за олово, цинк и сребро САСА Дооел М.Каменица. На оваа позција доаѓа после дваесет годишно искуство во повеќе области на финасиите како ревизија, контролинг и сметководство и тоа во повеќе индустрии-банкарство, телекомуникации и управување со метален отпад.

»“Сметководството ја оправдува својата улога доколку нуди навремена и точна информација со која менаџментот ќе носи одлуки во секојдневното работење. Во оваа смисла дигитализацијата се наметнува како потреба ”.«