Програма за настанот Ден на PANTHEON Сметководители 2020
4 февруари 2020, Хотел Мериот
Ballroom II – keynote
9:00–10:00
Регистрација на учесници
10:00–10:20
Вовед
Претставување на програмата на „PANTHEON Конференција за Сметководители 2020“ и краток вовед на Управителот на Даталаб МК
Оливера Петрушевска – ТВ водител и презентер,
Владо Митев – Управител на Даталаб МК д.о.о.е.л
10:20–11:00
Видео презентација
Дигитализација и Aвтоматизација на сметководството со PANTHEON
Светлана Атанасовска, Раководител на сектор за Продажба во Даталаб МК,
Марија Николовска, Раководител на сектор Маркетинг во Даталаб МК
11:00–12:00
Тркалезна маса
Дигитализација во сметководството и идни трендови и предизвици кои ни доаѓаат во 2020 година
12:00–12:30
Кафе – Пауза
BALLROOM II
12:30–12:40
ПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ
„Улогата на доверливите услуги при дигиталната трансформација“
Презентер: Никола Огненовски, Македонски Телеком
12:40–13:00
ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ПРИМЕРИ
Дигитализација на приемот и препознавањето на документите и нивната електронска обработка и издавање
Предавач: Владо Митев, Управител на Даталаб МК
Клиентите на сметководствените компании или вработените во претпријатието често собираат документација и физички ја носат во сметководство. Некои клиенти или вработени скенираат поединечни документи и собраните скенови ги доставуваат до сметководство на USB стик или по пошта. Сметководството ја превзема документацијата и рачно или преку екстерни апликации ги внесуваат податоците во PANTHEON. Сметководството може да издаде документ за клиентот, ги праќа во документација и таму рачно означува 150 полиња за да ги уреди како е-Фактури. Решението е употреба на алатката PANTHEON Web Light, еКнижење, еРазмена и масовна обработка на еФактури за праќање. Со дигитализација на приемот и обработката на документите клиентите на сметководствените бироа можат да ја сликаат фактурата и да ја пратат на сметководството, опремена со мета податоци. Клиентот, од друга страна, може да ги испрати сите документи до одделот за сметководство преку масовно скенирање и клипборд преку FTP. Сметководството прима документи од разни извори (FTP, скенирање) и тие веќе се во PANTHEON. Таму можат лесно да се обработат. Сметководството, со дигитализацијата на издавањето, исто така го поедноставува и издавањето на документи. Може да користи масовна обработка на е-Фактури за праќање. Може да се издаваат документи и преку системот на документи. Ова одржува ревизиска следливост. Понатаму, се овозможува евиденција на тоа дали се или не се пратени одредени документи и се решава проблемот за тоа што е испратено. Повеќе нема потреба од архива во папки, бидејќи имаме сертифицирано складирање во позадина. Придружете ни се на работилницата за да дознаете за дигиталниот прием, препознавање, обработка и издавање на сметководствена документација.
13:00–13:15
ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ПРИМЕРИ
Доверливо дигитално складирање на документација и сигурносно копирање на бази
Предавач: Љупчо Лазовски, ЕРП консултант од Даталаб МК
Корисниците на PANTHEON креираат документи во програмот. Документите се печатат или праќаат во документација, а потоа како еСметка на странката. Во меѓувреме, ја менуваме формата на исписот, кој го менува насловот на претпријатието. Издадените сметки за крај на годината се пeчатат во хартиена форма. Може да се случат вакви инциденти: компјутерот на кој е поставен PANTHEON е недостапен, самата база или зараза од крипто вирус. Во такви ситуации издадените или примени документи може да се разликуваат од она што ги има странката (промента формата и/или содржината на исписот). Бидејќи базата е изгубена, решението е дигитално складирање на документација и сигурносно копирање на бази – еБекап. Доколку сте на хостинг сервер и дојде до инцидент, сите сигурносни копии се чуваат хх денови/недели/месеци. Доколку не сте на хостинг сервер, при инцидент едноставно инсталирате нов компјутер и од облак ја симнувате последната сигурносна копија на базата. Базата потоа се поврзува со облакот каде е целата претходно поставена документација лесно достапна. Доколку ви дојде контрола (УЈП), со неколку клика од програмот може да се добијат бараните документи кои биле пратени на странката. Верзијата на исписот ќе биде иста како таа што ја добил купувачот, а сите податоци за фискализација ќе бидат исто така достапни.
13:15–13:30
ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ПРИМЕРИ
ЕФЕКТИВНО СМЕТОКОВОДСТВО СО PANTHEON WORKFLOW
Предавач: Ирена Костовска, ЕРП консултант од Даталаб МК
Во сметководството, честопати се бориме со повторени контролни и постојани проверки, дали сме заборавиле нешто во тој процес. Како на пример кога праќаме опомени, мораме да размислиме на кого да пратиме опомена, исто така и кога опомените се веќе пратиени, на кого му имаме испратено а на кој не. Од друга страна мораме на пример при котрола за пресметка на ДДВ рачно да ги проверуваме вредностите во главната книга, колку се непрокнижени и слично. Тешко е особено за процесите, кои не ги извршуваме честопати при процеси кои навидум изгледат едноставни, а од друга страна ни одзмеаат многу време, кое би можеле да го потрошиме за нешто друго. Решение е да се корсити PANTHEON Workflow. » Наместо 3 часа на ден , по воведувањето на PANTHEON Workflow сега за книжење на банкаски исписи трошиме 1 час на ден или 67% помалку од кога е вовдено Workflow«.
13:30–13:50
ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ПРИМЕРИ
ПЛАТА: АВТОМАТИЗАЦИЈА Е-РАЗМЕНА И БРЗИ АНАЛИЗИ НА РЕКАПИТУЛАЦИЈА НА ПЛАТА
Предавач: Столе Рујков, ЕРП консултант од Даталаб МК
Во областа на пресметка на плата кај корисниците гледаме многу рачна работа: рачно отварање на видови заработки на сите бази, рачно пополнување на календарот на прептијатието во секоја база, извоз на рекапитулација на плата во Ексел и на тоа рачна обработка на податоци, рачно внесување на вид заработка – регрес, отпремнина, јубилејни награди за секој вработен, рачно прегледување на податоци пред пресметка на плата и слично. Решението за ваквите проблеми е дефитивно автоматизација и оптимизација на пресметката на плата во PANTHEON. Така што можеме од веб да ги увеземе видовите на заработки, видови на документ, даноци и слично. Можеме да ги кориситме , таканаречени » Концерски шифрарници« доколку имаме повеќе бази на ист сервер. Можеме да пополнуваме и складираме шифрарници на останати бази на серверот ( шифрарник на придонеси, шифарник на видови работа, шифрарник на просечни палти, на видови заработки,..). На располагање ни се и ad-hoc анализите за рекапитулација на плата како и волшебникот во пресметка на плата за автоматско додвање на регрес и отпремнина. Исто така можема да поставиме и автоматско стартување на задачи и слично.
13:50–14:30
ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ПРИМЕРИ
АВТОМАТИЗИРАНО МЕСЕЧНО И КВАРТАЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ, КАКО И ЕДНОСТАВНА ПОДГОТОВКА НА PANTHEON ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТЕН ПЛАН
Предавач: Симона Неделковска, ЕРП консултант од Даталаб МК
За подготовка на различни неделни, квартални па и годишни извештаи, корисниците често се служат со извезувње на различни подаотци во Excel. Таму податоците ги обработуваат (филтрираме, подготвуваме виртуелни табели и графикони) и потоа ги пренсеуваат тие податоци во Word, за да може да подготват примарен извештај. Во случај, во подготовката да направиме грешка, повторното извезуваме податоци и нивната обработка е вистинска ноќна мора. Решението за елиминирање на повторливи и одложени месечни/кваратални извештаи дефитивно се контролните табли. Со соодветни подесувања задачите автоматски се генерираат и на корисникот му посредуваме извештаи и податоци за приходи, добивка, трендови, обврски и побарувања итн. На друга страна со помош на PANTHEON може да го поедноставиме и годишниот извештај.
Кога преминуваме на нова календарска и фискална година, преминуваме и на нов контен план. Ќе ви демонстрираме со практични примери. Подесувања, мигрирање на конта, креирање на нов контен план и преминување на нов контен план, корекција на формули во биланси, пренос на поедсувања во сите бази итн.
14:30–15:00
ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ПРИМЕРИ
ПРЕГЛЕДИ И БРЗИ АНАЛИЗИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОДАТОЦИ
Предавач: Елена Гоцевска, Раководител на имплементација и поддршка во Даталаб МК
Честопати сакаме сметководителите да ги прилагодат податоците според нашите желби. Стандардните исписи ни се премалку, па пробуваме да ги добиеме бараните податоци со комбинирање на повеќе исписи итн. Можеби на исписот Амортизација сумарно по инвентарни броеви, би сакале да ги вклучиме датумот на набавка, амортизациската стапка и преостанатата вредност, за контрола на премстката на амортизација на крајот на годината или пак, можеби сакаме да го групираме исписот Конто картица по документи, одделно по конта, доколку за исписот се одбрани повеќе конта. Решението, кое го нуди PANTHEON, се ad hoc анализи на сметководствените податоци на барање на клиентот, прилагодувања на табеларните прегледи и новоста: ad hoc анализи на исписите. Во склоп на работилницата, преку практични примери ќе се покаже како едноставно можат да се прегледуваат и анализираат податоците според соодветните барања.
15:00–15:30
Дружење
Доделување Награда „НАЈ PANTHEON СМЕТКОВОДИТЕЛ 2020“ проследена со коктел-забава и ручек
Наградата за Нај PANTHEON Сметководител е СМАРТ ЧАСОВНИК! – Оснатене со нас до самиот крај 🙂