Спонзори

Ден на сметководители на PANTHEON е традиционален настан за сите сметководители почнувајќо од 2011 година, на кој учествуваат повеќе од 300 учесници на годишно ниво. На настанот, раководителите и директорите на сметководствените услуги, сметководителите и книговодителите ќе се запознаат со најновите алатки и услуги за сметководители, ќе добијат совети за оптимизирање на работата, законодавството и ќе се запознаат со новостите во PANTHEON и сите важни информации за  завршување на годината и започнување на нова.

Оваа година сметководителите ќе се дружат во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија. Настанот е одлична можност стратешки да се поврзете со вашата целна деловна публика на меѓународно ниво.

Станете Спонзор

Ве покануваме да го ко-креирате Денот на PANTHEON Сметководители 2020, што ќе се одржи на 4ти Февруари 2020 година во „Хотел Мериот“, Скопје.

Очекуваме повеќе од 100 сметководители и партнери од цела Македонија и повеќе од 500 на сите настани во регионот. Главните теми и насоки на настанот ќе бидат:

  • алатки за дигитализација и автоматизација на сметководство и деловното работење,
  • автоматска обработка на финансиските податоци и брза анализа на сметководствените податоци,
  • побрзо и полесно завршување на завршните сметки,
  • законските промени по 1 јануари 2020 година.

Станете спонзор и партнер на настанот и запознајте се со сметководителите во Македонија и во соседството!

За повеќе информации контактирајте не на 02/3079 231 или пишете ни на info@datalab.com.mk

Датуми на сите настани во регионот

Словенија

23 Јануари 2020

Хрватска

27 Февруари 2020

Босна и Херцеговина

29 Јануари 2020

Северна Македонија

4 Февруари 2020

Србија

5 Февруари 2020

Спонзори

Подржувачи на настанот